• понеделник, 23 декември 2024

Селекторот на Англија ја презеде вината за изненадувачкиот пораз од Грција

Селекторот на Англија ја презеде вината за изненадувачкиот пораз од Грција

Лондон, 11 октомври 2024 (МИА) - Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, ја презеде вината за шокантниот пораз од Грција на „Вембли“. „Трите лава“ загубија со 2-1 во натпреварот од Лигата на нации, откако примија гол длабоко во судиското надополнување.

-Денес не одигравме многу добро. Можеби направивме премногу грешки во различни делови од теренот. Головите што ги примивме не беа на нивото на кое сме навикнати. Мислам дека е исто така важно да и се честита на Грција за начинот на кој тие играа. Знаеме дека треба да се подобриме. Дефинитивно морам да размислам како да им дадам повеќе шанси на играчите да делуваат покомпактно,
Целосно ја преземам вината за поразот, изјави Карсли по мечот.

Во последните денови се појавија информации дека Ли Карсли би можел да остане и како постојан селектор на Англија. Сепак, самиот тренер ја отфрли идејата, велејќи дека очекува повторно да ја води репрезентацијата до 21 година.

-Мојата мисија беше јасна од самиот почеток. Имаме уште три натпревари, а потоа се надевам дека ќе се вратам со фудбалерите до 21 година. Задоволен сум од позицијата на која се наоѓам, рече Карсли. дс

Фото: Архива

Остани поврзан