Селекторот Илиевски ги одбра дванаесетмината кои ќе и се спротивстават на Романија
- Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, ги симна дилемите, и го одбра финалниот состав кој ќе влезе во официјалниот протокол за средбата против репрезентацијата на Романија.
Куманово, 2 август 2025 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, ги симна дилемите, и го одбра финалниот состав кој ќе влезе во официјалниот протокол за средбата против репрезентацијата на Романија.
Илиевски, во консултации со стручниот штаб, Борче Даскаловски, Мирко Петрески, Миодраг Тодоровиќ се одлучи против Романија да играат: Андреј Магдевски, кој ќе биде и капитенот на тимот во овој претквалификациски циклус, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.
Натпреварот од втората фаза од претквалификациите за пласман на Светскиот куп кој во 2027 година ќе се одржи во Катар меѓу Македонија и Романија ќе се игра во Куманово вечер со почеток во 20 часот.
зс/
Фото: КФСМ