• понеделник, 23 декември 2024

Секулиќ: Откако СНС е на власт, Ѓилас е непријател број еден, на второ место се медиумите и НВО

Секулиќ: Откако СНС е на власт, Ѓилас е непријател број еден, на второ место се медиумите и НВО
Белград, 20 март 2021 (МИА) - Таблоидната приказна за Драган Ѓилас ја загрозува физичката безбедност и интегритет на тој човек. Се поставува прашање зошто е лансирана токму сега, во пресрет на меѓупартискиот дијалог, од кој ништо не очекувам. Оваа кампања дополнително го обесмислува секој дијалог, смета уредникот на новинската агенција ФоНет, Зоран Секулиќ. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Секулиќ во интервјуто за ТВ Н1 оцени дека приказната за Ѓилас станала „здодевна и бесмислена“. - Откако СНС е на власт, тој е државен непријател број еден, на второ место се медиумите и НВО. За сето ова време, јас не забележав, освен наплив на навреди, дека се покренати сериозни постапки против него. И сега ја гледаме најбруталната кампања, гледаме дека медиумите водат истражна и предистражна постапка и дека правосудството молчи. Ако има сомнеж, започнете ја постапката и истуркајте ја работата до крај, на овој начин целата приказна добива друга димензија, изјави Уредникот на ФоНет. Секулиќ порача дека кампањата го прави бесмислен најавениот меѓупартиски дијалог. - Покрај тоа, дијалогот за безбедноста на новинарите е исто така обесмислен со последната кампања против КРИК, исто како што е бесмислен Деловникот за работа на Собранието со кампањата против Црта. Чекам да видам што ќе пишува во најновиот извештај на ЕП, кој очекувам дека ќе биде уште покритичен од оној што го усвои одборот, кажа Секулиќ. Во врска со судирот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и министерот за одбрана, Небојша Стефановиќ, Секулиќ оцени дека тој не е фингиран и дека целата работа нема да се расплетка до крај. - На приказната и претходеше кампања во таблоидите, каде за Вељко Беливук се плетеше јамка околу вратот на Стефановиќ, знаете дека Вучевиќ кажа дека има двајца министри кои се дел од заговорот. По овие изјави, се очекуваше дека нешто ќе мора да се случи или дека ќе биде заменет и уапсен, или, како што можеме да видиме, ситуацијата да се смири. Мислам дека тука има и полициски причини, кои можеби вклучуваат и некои меѓународни фактори, наведе тој. Зборувајќи за мерките против коронавирусот, Секулиќ оцени дека тие се неселективни и не влијаат на суштината на проблемот. - Јас не сум експерт, но слушам што велат лекарите и Кризниот штаб, постои судир помеѓу политиката и струката, ако ме прашате, особено во оваа ситуација, дали треба да се избере помеѓу здравството или буџетот, јас го избирам здравство. Од пред некој ден, болницата на Звездара е во ковид системот, како и Бежанијска коса, Батајница е пребукирана, имаме најмалку 5.000 регистрирани заболени, имаме најмалку 30 починати. Ако толку многу се грижиме за економијата и состојбата на буџетот, ајде да го санкционираме драстичното кршење на мерките и да влијаеме што е можно повеќе да се сузбие, и да не дозволиме илјадници луѓе на Копаоник, а потоа да затвораме сè. И тоа не е сторено во Австрија, Швајцарија, Италија, кои повеќе зависат од туризмот, изјави Секулиќ. об/  

Остани поврзан