• понеделник, 23 декември 2024

Сексуално злоупотребените жртви во Конго треба да добијат значителен надомест

Сексуално злоупотребените жртви во Конго треба да добијат значителен надомест
Женева, 1 октомври 2021 (МИА) - Жртвите кои биле сексуално злоупотребени од некои работници на СЗО во Конго за време на епидемијата на ебола во 2018 година треба да добијат „значителен“ надомест. Копретседавачката на Независната комисија, Жилиен Лизанж, која истражува случаи на злоупотреба, рече дека е „од суштинско значење“ водечкото здравствено тело на Обединетите нации да изготви работен план за обесштетување на жените и девојчињата кои се жртви на злоупотреба. Во извештајот објавен оваа недела, Независната комисија утврди дека 21 сторител на злосторства, вклучително и силување, работеле за СЗО. „По силувањето, 29 жени забремениле, а некои подоцна биле принудени да абортираат по наредба на силувачот“, се додава во извештајот.
Лизанж и членовите на Независната комисија ја повикаа СЗО да направи план со кој би се исправила неправдата кон жртвите кога ќе заврши истрагата. „Затоа, сега чекаме СЗО да обезбеди значителна репарација“, изјави Лизанж за „Гардијан“. паг/  

Остани поврзан