• петок, 22 ноември 2024

„Секој куршум има мета“ - настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје во Теарце

„Секој куршум има мета“ - настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје во Теарце
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Теарце денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО). Настанот ќе се одржи во спортската сала на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во село Теарце. Како што најавуваат од УНДП, ќе се обратат градоначалникот на општина Теарце Нухи Незири, началникот на СВР Тетово Амир Далипи и заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ. фф/мд/

Остани поврзан