• петок, 22 ноември 2024

Секое прваче во Општина Лозово ќе добие еднократна парична помош од четири илјади денари

Секое прваче во Општина Лозово ќе добие еднократна парична помош од четири илјади денари

Велес,25 август 2023(МИА) - Советот на Општина Лозово со едногласна одлука и оваа година даде зелено светло општината да обезбеди ваучер со вредност од четири илјади денари за секое прваче што е запишано во ООУ „Методија Митевски – Брицо“ и во подрачните училишта во поголемите населени места на територијата на Лозово.

Како што информира градоначалникот Бошко Цветковски финансиската поддршка ќе им овозможи на родителите да набават училиштен прибор и облека за успешен стар на учебната година.

Тој потенцира дека модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е  врвен приоритет на општината.ад/свс

Фото: МИА архива

Остани поврзан