• вторник, 26 ноември 2024

Сезоната на спортски риболов на Осломејско Езеро се отвора на почетокот на мај

Сезоната на спортски риболов на Осломејско Езеро се отвора на почетокот на мај
Кичево, 23 февруари 2022 (МИА) - Годинешната сезона на натпревари во спортски роболов на Осломејско Езеро ќе започне во првиот викенд од месец мај, кога ќе биде отворена сезоната со првиот „Боила карп куп Кичево 2022”, на кој се очекува да земат учество најквалитетните спортско-риболовни клубови од земјава. -Според годинешниот календар сезоната на спортско-риболовни натпревари ќе ја отвориме со првиот „Боила куп“ што ќе се одржи од 5 до 8 мај. На овој натпревар спортските риболовци од земјава ќе ловат непрекинато 72 часа, по што ќе се добијат најуспешната екипа и поединец, кој има и најголем примерок уловен крап, велат од локалниот клуб „Хантер Фиш“ кој е организатор на овие натпревари. По традиција учество на овој „Боила куп“ ќе земат екипи од Скопје, од Струга и струшко, како и екипи од други градови, а не може да се исклучи ни можноста на овој натпревар да имаме екипи од странство како во претходните неколку години. -Наградите за најдобрите екипи се стимулативни, а за учество на овој натревар секоја риболвна екипа од најмногу три члена, треба да плати котизација, истакна портаролот на спортско - риболовното друштво од Кичево, Мире Ночески. Осломејското Езеро е се повеќе афирмирано кај спортските риболовци од земјава, а организирањето на вакви натпревари на кој учествуваат и екипи од странство, ова езеро го етаблира и надвор од границите на нашата земја, потврди Ночески. за/свс/

Остани поврзан