• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седум полицајци ранети во Сан Антонио додека се обиделе да спречат самоубиство

Седум полицајци ранети во Сан Антонио додека се обиделе да спречат самоубиство

Сан Антонио, 23 јануари 2025 (МИА) - Седум полицајци биле застрелани додека се обидувале да спречат „обид за самоубиство“, а осомничениот за престрелката по пукањето бил пронајден мртов во неговиот стан.

- Полицајците беа застрелани во средата вечерта, а се верува дека ниту една од повредите не е опасна по живот, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Бил Мекманус.

Тој го опиша напаѓачот на полицајците како 40-годишен маж и рече дека тие добиле повик од член на неговото семејство. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан