• петок, 22 ноември 2024

Седум лица уапсени во истрагата за атентатот врз професорот Самуел Пати

Седум лица уапсени во истрагата за атентатот врз професорот Самуел Пати

Париз, 12 јануари 2021 (МИА) - Седум лица на возраст од 17 до 21 година, од кои некои имаат чеченско потекло, денеска се уапсени во Тулуз, Лион, Руан, Безансон, во Сена-ет-Марна и во Мен-ет-Лоара, во рамки на истрагата за атентатот врз професорот Самуел Пати, обезглавен во близина на училиштето каде што работеше во Ивелин минатиот октомври, јави дописникот на МИА од Париз.

Осомничените „се појавуваат во разни групи за испраќање пораки во кои беше член (Абдулах) Анзоров“, убиецот на Самуел Пати. Апсењата ги изврши поддирекцијата за борба против тероризмот (Сдат) и Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ).

Во декември, петмина мажи на возраст од 18 до 21 година од чеченско потекло, осомничени дека имале контакт со напаѓачот, беа ослободени откако беа во полициски притвор без да бидат обвинети во оваа фаза. Вкупно четиринаесет лица се обвинети во истрагата за убиството на Самуел Пати (47).

Меѓу осомничените има и шест ученици од основно училиште. Петмина од нив се гонат за „соучесништво во терористички атентат“, обвинети дека му дозволиле на Анзоров, 18-годишен бегалец да го идентификува професорот. Абдулахх Анзоров ја презеде одговорноста за неговиот гест во аудио порака на руски јазик каде рече дека „се одмаздил за пророкот“ Мохамед, обвинувајќи го професорот дека „го покажал на навредлив начин“. По кратко време по убиството тој беше застрелан од полицијата. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан