• понеделник, 23 декември 2024

Седум лица во Русија осудени заради алкохолно труење на 44 лица со метанол

Седум лица во Русија осудени заради алкохолно труење на 44 лица со метанол

Москва, 7 август 2023 (МИА) – Седум лица во Русија денеска беа осудени од три до шест години затвор за дистрибуција на алкохолни пијалоци со метанол, при што загинаа 44 лица. 

Судот во Екатеринбург ги осуди и за продажба на стоки што не ги исполнувале безбедносните услови и тоа резултирало со смрт на две или повеќе лица.

Обвинителите изјавија дека седумтемината осудени  нелегално продавале алкохол од 2020 година и дека во 2021 година продавале пијалоци што содржат прекумерни количества на метанол, што вообичаено се користи како растворувач.

Од лицата кои консумирале од алкохолот со метанол 51 лице се затруле, а од нив 44 починале. сд/

Остани поврзан