Седум департмани во Франција во портокалов степен на тревога поради невремето Бенжамен
- Седум француски крајбрежни департмани на атлантскиот брег и во областа Ла Манш денеска се ставени под портокалов степен на тревога поради силни ветрови и опасност од поплави поради невремето Бенжамен, соопшти Метео-Франс.
Париз, 22 октомври 2025 (МИА) – Седум француски крајбрежни департмани на атлантскиот брег и во областа Ла Манш денеска се ставени под портокалов степен на тревога поради силни ветрови и опасност од поплави поради невремето Бенжамен, соопшти Метео-Франс.
Тревогата поради ветер е издадена за департманите Манш, Вандеја, Шарант-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, додека предупредување за високи бранови е издадено за департманите Сена-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, пренесува БФМ.
Невремето Бенжамен влезе во Франција синоќа преку Ла Манш, носејќи силен ветер и бранови долж атлантскиот брег. јт/
Фото: Метео-Франс