• понеделник, 23 декември 2024

Седум војници загинаа во престрелка на границата меѓу Азербејџан и Ерменија

Седум војници загинаа во престрелка на границата меѓу Азербејџан и Ерменија
Баку, 12 април 2023 (МИА) - Во размена на оган во спорниот планински регион Нагорно Карабах на границата меѓу Азербејџан и Ерменија загинаа седум војници од двете страни, соопштија властите.

Ерменија и Азербејџан синоќа разменија обвинувања за судирот во кој загинаа тројца азербејџански и четворица ерменски војници.

Двете поранешни советски републики на Кавказ се судрија во кратката војна во 2020 година околу контролата на главно ерменската енклава Нагорно Карабах, која беше освоена од Баку, а двете страни не постигнаа мировен договор и судирите се чести.

Конфликтот во 2020 година резултираше со воен пораз на Ерменија и договор за прекин на огнот спонзориран од Русија, со кој таму беа распоредени мировни сили.

Оттогаш, ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се состанаа неколку пати за да разговараат за мировен договор, вклучително и посредување на ЕУ и САД, но без резултати. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан