• понеделник, 01 јули 2024

Седуммина повредени во авион поради силни турбуленции на лет од Хонолулу за Сиднеј

Седуммина повредени во авион поради силни турбуленции на лет од Хонолулу за Сиднеј

Сиднеј, 4 јули 2023 (МИА) - Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на „Хаваи ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

„Авионот во четвртокот превезуваше 163 патници и 12 членови на екипажот кога „наиде на неочекувани силни турбуленции околу петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Се додава дека лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј.

Еден патник и три стјуардеси се испратени во болница на дополнителни прегледи, по што стјуардесите се отпуштени од болничко лекување.

Минатата година во тешки турбуленции беа повредени 25 лица на летот на „Хаваи ерлајнс“. паг/

Фото: Твитер

 

 

Остани поврзан