• недела, 22 декември 2024

Седница на ЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики на 24 ноември, се воведуваат и два организациски секретара

Седница на ЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики на 24 ноември, се воведуваат и два организациски секретара

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Централиот одбор на СДСМ донесе одлука дека на 24 ноември 2024 година ќе се одржи 30-тиот Конгрес на партијата на кој ќе се избре новиот Централен одбор  и ќе се разговара за идните политики на партијата.

Како што информира СДСМ, согласно одлуката на Централниот одбор, на 30-тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик-претседател на СДСМ.

-Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата, се наведува во соопштението.

На вчерашната попладневна седница на Централниот одбор на СДСМ се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата.

- Оценка е дека за само пет месеци Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги погазија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања.  Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови. Секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност, се вели во соопштението.

Според СДСМ, заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на партијата и забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата.

-СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта, но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието, стои во соопштението. мд/са/

Фото: СДСМ 

Остани поврзан