Седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители за именување нов директор
- Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска треба да именува нов директор на Академијата. Именувањето на нов директор е втора точка на дневен ред на 221. седница на Управниот одбор на Академијата закажана за денеска во 15 часот.
Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) – Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска треба да именува нов директор на Академијата. Именувањето на нов директор е втора точка на дневниот ред на 221. седница на Управниот одбор на Академијата закажана за денеска во 15 часот.
Јавниот оглас за избор на директор на Академијата беше објавен на 26 август годинава, откако поранешната директорка Наташа Габер-Дамјановска поднесе неотповиклива оставка од функцијата кон средината на јули.
По истекот на рокот за пријавување од 15 дена сметано од денот на неговото објавување во Службен весник, на огласот се пријавиле вкупно петмина судии и двајца обвинители.
На огласот, како што претходно објавија дел од медиумите, се пријавиле двајца судии од Основниот кривичен суд во Скопје, Ненад Савески и Оља Ристова, судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, судијката Едита Насковска од Управниот суд, како и актуелниот заменик-директор на Академијата Илир Исени, чија судиска функција е во мирување. Од редовите на обвинителите, се имаат пријавено Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје и Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола. аа/бак/
Фото: МИА архива