• сабота, 23 ноември 2024

Седница на Националниот совет за дигитална трансформација за новите стратегии за ИКТ и кибер безбедност

Седница на Националниот совет за дигитална трансформација за новите стратегии за ИКТ и кибер безбедност

Скопје, 22 јануари 2023 (МИА) - На денешната седница на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со која претседаваше вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се разгледуваше предлог текстот на новите национални стратегии за ИКТ и за кибер безбедност.

Од Влада соопштуваат дека вицепремиерката Грковска информирала за усвоениот Патоказот за дигитална трансформација, кој се однесува на целите кои треба да се исполнат  на краток, среден и долг рок, а кој се заснова на Концептот за дигитална трансформација од кој понатаму треба да произлегуваат сите стратегии, закони и документи поврзани со овој процес.

-Стратешките цели содржани во предложената Национална стратегија за кибер безбедност до 2027 година се поделени на пет столбови: јасна и робусна структура за управување со кибер безбедноста, безбедност и отпорност на суштински и важни субјекти, мрежи и информациски и комуникациски системи, општество отпорно на закони, минимизирање на влијанието на инцидентите во кибер просторот и национална и меѓународна соработка. Во однос на  предлог - Националната ИКТ стратегија до 2030 година, таа има за цел да постави основа за дигитализација на општеството која директно ќе влијае врз квалитетот на животот на граѓаните, а државата да се позиционира како најдобра во Западен Балкан според Индексот за дигитална економија и општество (DESI), се наведува во соопоштението.

Предлог стратегиите ги презентирале претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, кои учествувале во нивната изработка, а членовите на Националниот совет за дигитална трансформација дале свои сугестии и предлози.свс/нд/

Фото: Влада

Остани поврзан