• понеделник, 23 декември 2024

Седница на Државната комисија за спречување корупција

Седница на Државната комисија за спречување корупција

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска, на Зум комуникациската платформа, ќе ја одржи 82-та седница.

Како што соопшти ДКСК, на дневен ред, меѓу другото, се Правилникот за формата и содржината на образецот за податоци на избрани и именувани лица, како и Правилникот за содржината, формата и начинот на водење на Регистарот на избрани и именувани лица.

Членовите на Антикорупциската комисија ќе информираат и за постапување по конкретни предмети. вг/сп/

 

 

 

 

Остани поврзан