• петок, 05 декември 2025

Седница на Буџетскиот совет на Собранието

Седница на Буџетскиот совет на Собранието

Скопје, 29 август 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог на буџет на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година.

Членовите на Буџетскиот совет ќе расправаат за Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година, за 
Предлог на стратешки план на Собранието на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030 година, Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2026 година и Предлог на буџет на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година. ев/лв/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан