• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седницата на Комисијата за социјална политика повторно прекината, СДСМ побара да се стави на дневен ред Законот за бранители 

Седницата на Комисијата за социјална политика повторно прекината, СДСМ побара да се стави на дневен ред Законот за бранители 

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Комисијата за социјална политика останува блокирана, иако претседателот на Собранието Африм Гаши за претседавач ја назначи пратеничката од владејачката коалиција „Вреди“ Имрлије Сали Фетаи откако во понеделникот пратеникот Бејџан Иљас одби да ја извршува оваа функција. 

Ни на Фетаи не ѝ успеа да го стави на гласање дневниот ред на седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара дополнување на дневниот ред со Законот за бранителите. По ова, Фетаи ја затвори седницата на неопределено време. 

Фетаи ѝ одговори на Тренчевска дека претседателот Гаши ја назначил да претседава со Комисијата само за Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

-Кажав дека има само една точка на дневен ред и ве молам да гласаме. За Законот за бранителите поминати се сите рокови и јас треба да го разгледам само Законот за пензиско и инвалидско осигуривање. Вие од СДСМ не правете тенденции. На седницата за интерпелација ја напуштивте салата за да не бидете обвинети за влошување на меѓуетничките односи. Јас ќе ја заклучам седницата на неопределено време. Мислам дека дебата не е потребна. Вреди нема да дозволи да се стави Законот за бранителите на дневен ред без припадниците на УЧК. Нема потреба од дебата. Се надевам дека Илире Даути ќе се врати во Комисијата за претседателка, рече Фетаи.

По објавувањето на презентацијата на нацртот за измени на тарифниот систем за универзалниот снабдувач од страна на РКЕ и експертите избрани од оваа институција, откако АА се запозна со истото

Пратеникот на „Европски фронт“, Елми Азири во изјава за медиумите истакна дека сите рокови се поминати за Законот за бранители уште кога со Комисијата за социјална политика претседаваше пратеничката Илире Даути од Алијансата за Албанците на Зијадин Села која е дел од „Европскиот фронт“.

-Ние како пратеници сме истакнале и пак истакнуваме дека што се однесува Законот за бранители, таа работа е веќе завршена одамна, кога колешката Илире претседаваше со таа Комисија. Членот 176 став 2 од Деловникот на Собранието таксативно вели дека „штом ќе помине точка на дневниот ред, претседателот на Комисијата е должен во рок од 24 часа да свика седница на Комисијата и најдоцна до три дена да се заврши дебатата во однос на определена точка“. Сите тие рокови се поминати и сметам дека сите тенденции за одредени политички поени што се прават во оваа Комисија ќе бидат непродуктивни и нема да вродат со плод, затоа што јавноста веќе е добро запознаена со сите текови на оваа Комисија за оваа точка, рече тој.

Азири го обвини претседателот на Собранието Африм Гаши дека крши принципи на делување на Собранието, особено што се однесува до распределбата на претседателите и членовите по комисии.

-Не ни е криво, затоа што ние не сме изгубиле никаква Комисија. За нас битно е да не изгубиме образ и на не изгубиме наш дигнитет и морал со тоа што сме дојдени во Собранието, односно нашиот однос со нашите гласачи. Мислам дека постапувањето на Гаши е некоректно кон колешката Илире Даути, кон нас како пратеничка група која е во опозиција и која е најбројна во опозиција и како трето Гаши крши некои принципи на делување на Собранието, особено што се однесува до распределба на членовите по комисии и особено претседателите на комисиите затоа што знаеме дека претседателите на комисиите се делат според бројот на пратениците што ги имаат пратеничките групи и тоа се прави во консултации во состаноци со координаторите на пратеничките групи. Овој однос личи на арбитрарен однос на претседателот на Собранието. Се разбира, тој се повикува на Деловникот на Собранието на одредени членови. Не дека нема право, туку претседателот на Собранието е должен според законот и Деловникот да води со Собранието, со собраниските тела и да го менаџира политичкиот живот во Собранието. Ова третото не го гледаме кај него. Значи, неговото постапување е абритрарно, тој сака да тера по свое и како што видовме денеска во Комисијата има некоја тенденција за придобивање на некој политички поен, но тоа е завршена приказна, рече Азири.

Проблемот во Комисијата за социјална политика почна во ноември минатата година откако пратеничката од Алијансата за Албанците, Илире Даути одби да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители доколку не се стави законско решение и за припадниците на УЧК. Собранието на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 „против“ изгласа интерпелација на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути. Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група на „Левица“ поради тоа што Даути, како што беше посочено на пленарната седница, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава. Една недела подоцна Даути поднесе оставка од претседателската позиција во Комисија. фф/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан