• четврток, 21 ноември 2024

Седницата за избор на нови министри во Владата продолжува во еден по полноќ

Седницата за избор на нови министри во Владата продолжува во еден по полноќ

Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) – Собранието во еден часот по полноќ ќе продолжи со расправата за избор на новите министри предложени од Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

Премиерот Димитар Ковачевски на седницата вечерва ја побара довербата од пратениците и од јавноста за формирање постабилна, поуспешна, поефикасна и фокусирана Влада. 

Пратениците од опозицијата потенцираа дека премиерот не кажал ништо за новите предлози за министри и зошто се тие подобри од претходните. Тие обвинија дека тројца од предлозите за министри биле соработници на претходната власт, односно, како што рекоа, „тие што ги напаѓаат за криминал и корупција“. 

Претходно денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, Собранието ги разреши министерите од Алтернатива - за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.

На 104. седница треба да бидат разрешени и замениците-министр   и за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. мс/аа/

Остани поврзан