• вторник, 05 ноември 2024

Седмо финале за Ѓоковиќ на Вимблдон

Седмо финале за Ѓоковиќ на Вимблдон
Лондон, 9 јули 2021 (МИА) – Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, го совлада вечерва Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6, 7:5, 7:5 и по седми пат во кариерата обезбеди пласман во финалето на грен-слем турнирот во Вимблдон. На актуелниот бранител на трофејот во Вимблдон му беа потребни два часа и 47 минути игра за да го совлада Шаповалов и да дојде до својата 20-та победа во исто толку натпревари на грен-слем турнирите во оваа година. Противник на Ѓоковиќ во завршницата на грен-слем турнирот во Лондон ќе биде деветтиот тенисер на АТП листа Матео Беретини, кој претходно денеска со 3:1 во сетови го совлада Полјакот Хуберт Хуркач и стана првиот Италијанец во историјата, кој ќе настапи во машкото финале на Вимблдон. Дуелот Ѓоковиќ – Беретини ќе се игра в недела со почеток од 15 часот. ег/

Остани поврзан