Седмо издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ“
- Предвидено е од 9 до 22 часот на големата и малата сцена на Националната опера и балет да настапат над 1.600 деца и млади танчери од 12 држави, претставувајќи го својот танцов израз низ класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц...
Скопје, 8 ноември 2025 (МИА) - Во Скопје почнува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ“. Предвидено е од 9 до 22 часот на големата и малата сцена на Националната опера и балет да настапат над 1.600 деца и млади танчери од 12 држави, претставувајќи го својот танцов израз низ класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц...
- „Стејџ“ не е само натпревар - туку и прослава на уметноста, детството и различноста. Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, „Стејџ“ станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија како земја на култура, талент и инспирација. Овој наш традиционален настан е потсетник дека вистинската убавина е во креативноста, посветеноста и сплотеноста, а токму тоа е духот што „Стејџ“ го носи веќе седум години, се нагласува во изјавата на Тамара Ѓурчиновска, организатор и уметнички директор на натпреварот.
Настанот е организиран од Ѓурчиновска и балетското студио „Арт балет“. бд/бак/
Фото: „Стејџ“