• недела, 23 јуни 2024

Севиља има нов тренер

Севиља има нов тренер

Севиља, 2 јуни 2024 (МИА) - Хавиер Гарсија Пимиента е новиот тренер на Севиља, соопштија од клубот. 49-годишниот стручњак за последен пат го водеше Лас Палмас.

Неговиот договор е на две години.

Голем дел од тренерската кариера на Гарсија Пимиента помина во школата на Барселона, каде го водеше и Б тимот на Каталонците. Тој во изминатите две сезони беше на чело на Лас Палмас.

На чело на Севиља доаѓа на местото на Кике Санчез Флорес. дс

Фото: Х

Остани поврзан