• петок, 22 ноември 2024

Северна Македонија донираше музејски експонат од Втората светска војна на Паркот на воена историја Пивка

Северна Македонија донираше музејски експонат од Втората светска војна на Паркот на воена историја Пивка

Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец, го посетија Паркот на воената историја Пивка каде со церемонија беше извршено примопредавање на музејски експонат, германски против-воздушен топ  „Флак 38“ од Втората светска војна, донација од Северна Македонија.

-Музеите се наше автентичното наследство – места каде се потсетуваме и учиме за историјата, места кои инспирираат, нè поврзуваат со нашите предци и нè потсетуваат на настаните од минатото. Чест ми е што со нашата донација ќе ја збогатиме поставката во овој музеј, рече министерката.

Во рамки на официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец, го посетија Паркот на воената историја Пивка каде со церемонија беше извршено примопредавање на музејски експонат, германски против-воздушен топ „Флак 38“ од Втората светска војна, донација од Северна Македонија.Паркот на воена историја во Пивка содржи поставки на оружје и воена опрема од Вторта светска војна од подрачјето на регионот од поранешна Југославија.

Официјалната посета на министерката Петровска на Словенија продолжува и утре, со посета на Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки каде ќе биде изведена показна вежба и посета на регионалното Школо за операции воздух – земја. дма/сст/

Остани поврзан