• сабота, 06 јули 2024

Северна Кореја ја информира Јапонија дека ќе лансира сателит

Северна Кореја ја информира Јапонија дека ќе лансира сателит

Пјонгјанг, 27 мај 2024 (МИА) – Северна Кореја ја информира Јапонија дека во рок од осум дена ќе лансира ракета што носи сателит.

Подготовките за лансирање почна уште на полноќ, а во информацијата се идентификувани три поморски опасни зони каде би паднале остатоците од проектилот – две западно од Корејскиот Полуостров, а другата источно од филипинскиот остров Лузон, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Официјални лица од Јапонија, САД и Јужна Кореја потврдија дека ќе ја повикаат Северна Кореја да го суспендира планот, бидејќи секое лансирање проектил што користи технологија за балистички проектили би било кршење на резолуциите на Обединети нации. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан