Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета способна да погоди цели во Пацификот
- Северна Кореја соопшти дека тестирала нова хиперсонична ракета со среден дострел, која може да погоди цели во Тихиот Океан.
Пјонгјанг, 7 јануари 2025 (МИА) - Северна Кореја соопшти дека тестирала нова хиперсонична ракета со среден дострел, која може да погоди цели во Тихиот Океан.
Севернокорејските државни медиуми ја објавија веста ден по информацијата од јужнокорејската војска дека ракетата летала 1.100 километри пред да падне во водите помеѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.
Северна Кореја тестираше повеќе оружја минатата година, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети. Постои загриженост дека воените капацитети на земјата би можеле дополнително да се развијат со помош на технологија од Русија, со која соработува поблиску поради војната во Украина.
Последното тестирање го надгледувал лидерот Ким Џонг-ун. Според државните медиуми, ракетата прелетала 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од брзината на звукот. ссм/
фото: архива/илустрација