• четврток, 12 септември 2024

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети со краток дострел кон Јапонското Море

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети со краток дострел кон Јапонското Море

Сеул, 12 септември 2024 (МИА) - Северна Кореја денеска истрела неколку „балистички ракети со краток дострел“ кон морето, соопшти јужнокорејската војска.

Војската го анализира инцидентот и „споделува информации“ со американските и јапонските власти.

Јапонското Министерство за одбрана го потврди лансирањето на најмалку една севернокорејска балистичка ракета.

Пјонгјанг во минатото изведуваше ракетни проби околу 9 септември, денот кога се одбележува годишнината од основањето на Демократска Народна Република Кореја во 1948 година. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан