• понеделник, 23 декември 2024

„Њујорк тајмс“: Американски разузнавачи сугерираат дека „Северен тек“ бил саботиран од проукраинска група

„Њујорк тајмс“: Американски разузнавачи сугерираат дека „Северен тек“ бил саботиран од проукраинска група

Киев, 7 март 2023 (МИА) - Нови разузнавачки информации што биле прегледани од американски официјални лица сугерираат дека минатогодишниот напад на гасоводот „Северен тек“ го извршила проукраинска група, пренесе денеска весникот  „Њујорк тајмс“.

Нема докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленскии или највисоките украински функционери биле вклучени во операцијата, ниту дека сторителите дејствувале по инструкции на некој украински владин функционер, пишува весникот повикувајќи се на американски официјални претставници.

Британските медиуми не можат независно да го потврдат извештајот, а американските разузнавачи не можеа да се контактираат. Претставници на Киев и Москва, исто така, останаа недостапни за коментар.

Нападите на гасоводот во септември 2022 година САД и НАТО ги нарекоа „акт на саботажа“, а Москва го обвини Западот и го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да спроведе независна истрага.

Разузнавачкиот извештај сугерира дека оние кои го извршиле нападот се противат на рускиот претседател Владимир Путин „но не прецизира кои се членовите на групата, ниту кој го наредил нападот или кој платил за операцијата“, пишува весникот „Тајмс“.

„Американските функционери одбија да ја откријат природата на разузнавачките податоци, како се добиени или какви се деталите за силата на доказите што ги содржат. Тие изјавија дека нема цврсти заклучоци за тоа“, пишува весникот. сд/

Остани поврзан