• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Судијата Пајазити е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

СДСМ: Судијата Пајазити е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Скопје, 19 август 2024 

Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор. 

Што се однесува до судијата Пајазити, за кој со денови ВМРО-ДПМНЕ бара смена, според официјалните информации тој е избран токму за време на владеењето на на славната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според официјалните информации, Пајазити е избран за судија на 02.01.2013 година. 

ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата Министер за внатрешни работи затоа што одговорноста за бегството е негова.

Во најкус бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега за така краток рок без да биде соодветено обезбеден. Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае.

СДСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан