СДСМ спроведе акција за пошумување на пет различни локации ширум државата
- Под мотото „Повеќе зелено“, социјалдемократската младина на Македонија и СДСМ, како општествено одговорна партија, денеска спроведува голема акција за пошумување на повеќе локации.
Скопје, 16 декември 2023
Под мотото „Повеќе зелено“, Социјалдемократската младина на Македонија и СДСМ, како општествено одговорна партија, денеска спроведува голема акција за пошумување на повеќе локации.
Граѓани, членови, активисти, млади, пратеници, партиски функционери, на 5 различни локации ширум државата ќе засадат над 10.000 дрвја (садници), со средства обезбедени на СДСМ.
Локациите во околината на Велес, Куманово, Делчево, Богданци и Ресен се избрани со анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд, а опфатени се делови кои беа зафатени од пожари.
Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции, ја покажува посветеноста на СДСМ за зголемување на зелените површини, за здрава животна средина, но и за поттикнување на општествената свест.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.