• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: Со политизација на трагедијата, Мицкоски покажа елементарно непознавање на Уставот и законите

СДСМ: Со политизација на трагедијата, Мицкоски покажа елементарно непознавање на Уставот и законите
Скопје, 14 септември 2021
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата во време на национална тага и целосна мобилизација на институционален потенцијал за расветлување на случајот.
Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски.
 Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување одлучува Собранието на наредната седница.
 Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го покажува очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски.
 Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите.
 Владата предводена од СДСМ постапува по Устав, по Закон. Истрагата ја водат надлежни органи и една таква темелна и независна истрага ќе ги даде сите одговори.
 ВМРО-ДПМНЕ нема право да се повикува на морал, ниту пак да ја оцрнува работата на Венко Филипче, која ја саботираше во секоја можна прилика.
 Тоа е партијата која во Собрание ја блокира изградбата на нов Клинички центар, која ја саботира борбата против Ковид-19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести.
 Ова се дел од причините поради кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се воздржи од користење на зборови како етика и одговорност и треба да научи што е право, Устав и најважно да го почитуваат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан