• понеделник, 20 мај 2024

СДСМ: Скудриње ја дава поддршката за Куртовски, за Маврово и Ростуше да продолжи да се развива

СДСМ: Скудриње ја дава поддршката за Куртовски, за Маврово и Ростуше да продолжи да се развива

Скопје, 10 август 2022

Претседателката на Форумот на жени, Јована Тренчевска, денеска се сретна со мештаните од Скудриње, населено место кое ја има првата и единствена градинка изградена во Маврово и Ростуше.Во соработка со централната власт, Медат Куртовски на своето родно место му ја обезбеди градинката „Брешиа", каде се згрижени дваесетина деца чии родители работат во ближната фабрика.Локалното население во Скудриње својата поддршка ја дава за нов мандат на Медат Куртовски.Во Скудриње е изграден локален пат, обезбедена е чиста вода за пиење, средена водоводна мрежа, реновирано училиште, како дел од бројните проекти кои Куртовски ги реализирал во своето родно место.Во наредниот мандат на Куртовски, Скудриње ќе добие нов паркинг простор за мештаните и нашинците од ова место.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан