СДСМ: Скопје се соочува со екоцид
- Скопје денеска се соочува со закана од екоцид поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА интегрално го пренесува.
Скопје, 10 септември 2025
Скопје денеска се соочува со закана од екоцид поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА интегрално го пренесува.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на скопјани решавање на проблемот со депониите.
Што добивме после 4 години? Елементарна непогода му се случува на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ.
Во Вардариште, секој ден гори канцерогено ѓубриште. Стотици илјади скопјани дишат отров, а Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат.
Чадот од депониите е директна закана за здравјето на граѓаните и потврда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту едно ветување за депонијата Вардариште не е исполнето. Ниту едно ветување за Дрисла не е исполнето.
Наместо современ центар за управување со отпад, Дрисла повторно станува црна точка и извор на загадување за целиот град.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за негрижа и уништување на Скопје.
Наместо решенија, тие му донесоа на градот еколошка катастрофа.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
ФОТО: Архива