• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

Скопје, 20 мај 2025

Секој месец граѓаните добиват нов ценовен шок!

За една година се случи целосен дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Податоците на Сојузот на синдикати се поразителни: за само еден месец, синдикалната кошничка поскапела за над 1.200 денари.  За 954 денари се зголемени трошоците за храна и пијалоци.

За едно четиричлено семејство потребни се речиси 63.000 денари месечно само за да преживее.

Основните намирници стануваат луксуз а платите не мрдаат. Три минимални плати се потребни за да може да се преживее месецот.

Животот е сѐ поскап, платите стојат, а мерки од владата – нема!

Додека премиерот Мицкоски ги чека анализите и не знае колку се покачени цените, граѓаните тонат во сиомаштија.

Се живее  се потешко, се преживува со задолжувања и жртвувања.

Дали министрите во Владата знааат колку чини да се наполни еден фрижидер? Очигледно не – затоа што додека народот крпи крај со крај фунционерите на ВМРО-ДМНЕ живеат надвор од реалноста, во свет на папаја, манго, октоподи.

Како да не било доволно, во април и мај, СОЗР склучила милионски договор за нови луксузни јадења, за лигњи, школки, лосос.

Ова што го прави Владата не е политика, ова е грабеж на народот!

Повикуваме власта веднаш да ги прифати предлозите за зголемување на платите и мерките за намалување на цените:

-Да се покачи минималната плата на 500 евра

-Да се спроведат мерки за повисоки плати за јавниот и приватниот сектор.

-Да се укине ДДВ за храна со што веднаш ќе се намалат цените на основните производи.

Не може народот да гладува додека министрите се гоштеваат на сметка на државата.

СДСМ е со граѓаните, ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за достоинствен живот, за економија што служи на човекот, не на партијата на власт.

 

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=TpRBXZYN1nI 

Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски – организациски секретар

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан