• недела, 22 декември 2024

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Струга, Кичево, Вевчани и Центар Жупа

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Струга, Кичево, Вевчани и Центар Жупа

Скопје, 8 април 2023

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, членката на ИО на СДСМ Ана Данева Маркова и пратеникот Јован Митрески беа меѓу граѓаните на општина Струга. 
 
Битиќи зборуваше за праведниот и правичен пристап на СДСМ при носење на политиките и кревање на стандардот на граѓаните, истакнувајќи дека пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава заслужуваат мирна и достоинствена старост. И тоа СДСМ не го кажува само декларативно туку за година ипол успеа на сите 330.000 пензионери да им ги качи пензиите на 25%. 
 
„Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна. Тоа нашите граѓани го забележуваат и во нивниот домашен буџет“ – истакна Битиќи, додавајќи дека од овој месец сите пензионери добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти. 
 
„Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16% а со следното покачување ќе изнесува 25%.  Со тоа просечната пензија која досега изнесуваше 17.666 денари, се зголемува на 19.150 денари, односно за околу 1.500 денари повеќе.  Ако се спореди со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога над 100.000 пензионери земаа пензија под 10.000 денари тоа е значително подобрување. Просечната пензија од јануари 2016 година до јануари 2023 година е зголемена за над 35 отсто, односно од 13.000 денари на 19.000 денари.“ – кажа Битиќи.
 
Битиќи на средбата со граѓаните ја образложи и новата методологија за пресметка на пензиите, кое е системско решени. Со неа, со пресметување и на трошоците за живот, владата предводена од СДСМ обезбеди постојано зголемување на пензиите, но и се стави крај на уцените и притисоците врз пензионерите, на кои ВМРО-ДПМНЕ се сеќаваше само пред избори. 
 
„Само поради системското решавање на работите успеавме 100 илјади пензионери да ги однесеме над прагот на сиромаштија. Ова се вистински социјалдемократски вредности и вистинска грижа за сите“ – заклучи Битиќи.
 
Грижата за работниците, за пензионерите, за ранливите, за самохраните родители, за младите и поддршката на семејните буџети е константа во работењето на СДСМ. 
 
Во општина Кичево со граѓаните се сретнаа членовите на Извршниот одбор Костадин Ацевски и Тања Томиќ каде пред присутните порачаа дека СДСМ преку Владата, парламентарното мнозинство и институциите покажува што значи вистинска грижа за сите сите граѓани, дека поддршката што работниците, пензионерите, земјоделците ја добиваат е навремена ефикасна и неселективна и значително го подобруваат нивниот животен стандард. 
 
Меѓу првите одлуки на оваа Влада предводена од Ковачевски беше системското решение за раст на минималната плата. Затоа што СДСМ го цени и го вреднува трудот на работникот. Ние не сме како ВМРО-ДПМНЕ кои работниците и народот го гледа како евтина работна рака. Не, ние, македонските социјалдемократи знаеме дека трудот на секој работник мора да се цени, да се почитува и да биде соодветно платен.
 
 
Теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжија и во Вевчани и Центар Жупа, каде заедно со граѓаните беше потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамоска Мадиќ.
 
Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во разговор со граѓаните истакна дека СДСМ постојано е меѓу граѓаните и заедно со нив наоѓа решенија за сите предизвици.
 
СДСМ се грижи за сите граѓани, не отстапуваме од концептот парите назад кај грашаните.. Во време на криза помогнавме на илјадници граѓаните. Ја покачивме минималната плата на 20.175 денари, со што го остваривме ветеното на изборите година и половина порано. Рекордно ги покачивме пензиите за 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери, истакна Костадиновска Стојчевска.
 
Потпретседателката Костадиновска Стојчевска нагласи дека додека СДСМ се грижи и го унапредува стандардот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица продолжуваат со лажни вести, деструкции и обиди за блокади на евроинтеграциите.
 
Претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамоска Мадиќ пред граѓаните на Вевчани и Центар Жупа го истакна значењето на евроинтегративниот процес за иднината на граѓаните и на државата.
 
СДСМ со своите државнички одлуки ги реализира стратешките цели на државата, членство во НАТО и почеток на преговори и членство во ЕУ. Конечно по 17 години Македонија ги започна преговорите со цел да завршат до 2030 година. Влезот во ЕУ е гарант дека секое населено место ќе се развива подеднакво без разлика дали е мало или големо, дали е рурално или урбано, со евроинтеграцијата нашите граѓани, нашите деца ќе сакаат да ја градат својата иднина во државата, рече Мадиќ.
 
СДСМ - Центар за комуникации со јавност

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан