• недела, 24 ноември 2024

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Велес: Напредокот продолжува

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Велес: Напредокот продолжува

5 април 2023

СДСМ од денеска е интензивно на терен, рамо до рамо со граѓаните ширум татковината. Со граѓаните на Велес вечерва беа претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.- Доаѓаме со јасна порака – напредокот продолжува. Големи промени очекувајте во оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте и да се развива, продолжува растот на платите и на пензиите. Продолжуваат инвестициите, рече Ковачевски.СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и да ги разобличиме промашените пропаганди, да ги трасираме победничките политики! Да го поразиме евтиниот популизам.  СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднината на земјата. Ќе направиме се да го продолжиме патот кон Европа. Рамо до рамо со народот, ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на нашите деца, на сегашните и идни генерации, порача Ковачевски.Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски порача дека СДСМ е заедно со народот, преку разговор, заедничка решителност, со труд, со работа, со посветеност да се бориме за подобро утре.-Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина. Ќе слушаме внимателно и внимателно ќе говориме. СДСМ е партија на народот, која државотворно и одговорно се однесувала во сите премрежја од современата македонска историја. Така е и денес, рече Зечевиќ.Вечерва, Ковачевски и Зечевиќ присуствуваа и на отворање на нови простории на општинската организација на СДСМ во Велес. Во одлична атмосфера симболично беше одбележан почетокот на теренските активности „Рамо до рамо, до победа“.

Рамо до рамо со народот, со сите граѓани, СДСМ во наредниот период ќе посети 946 населени места ширум татковината. Во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница. Таму каде што ни е местото, меѓу народот, со граѓаните.

СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан