• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е сведена на стари кадри, луѓе на Груевски

СДСМ: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е сведена на стари кадри, луѓе на Груевски
Скопје, 30 август 2021 Соопштение за јавност - реакција на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ  И денешните имиња кои се објавија за кандидати за градоначалници се уште потврда дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ е понуда од немај каде, составен во главно од стари кадри, луѓе на Никола Груевски. Соочен со тоа што нема понуда, нема кадри и знае дека ги чека нов изборен пораз Мицкоски од немај каде става кандидати кои треба само да го поднесат поразот или игра игрици со глумење независни кандидати. Фактот дека во Кавадарци е кандидиран Митко Јанчев, човек кој беше мета на целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и сменет од потпретседателската функција во партијата, покажува колку е очаен Мицкоски. Зад кој и кандидат да застане губитникот Мицкоски го чека пораз на локалните избори, вклучително и во Кавадарци. Тоа што денеска кандидатите на Мицкоски ги соопштува Антонијо Милошоски, човек осуден во Германија и човек против кого се водат случаи пред македонските судови, е потврда дека нема ништо ново, ниту променето во ВМРО-ДПМНЕ, заглавена партија во режимската партија. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан