• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Нов и компетентен тим ја освежува Владата

СДСМ: Нов и компетентен тим ја освежува Владата
Скопје, 11 јануари 2022
Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозните предизвици кои се пред граѓаните.
Покрај докажани кадри од претходниот состав на Владата, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори.
СДСМ покажува капацитет за промени, за уште подобро да им служи на граѓаните.
За разлика од тоа, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, таму во раководството се уште се присутни соработници на Никола Груевски и поддржувачи на режимот, тоа се истите луѓе истата реторика од пред пет години.
Еден од нив е и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој денеска излезе на прес-конференција, а кој во политиката и во раководните структури на партијата е присутен над 15 години.
Очигледен е стравот, уште поочигледна е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ од нивниот дебакл при формирање ново парламентарно мнозинство па затоа од белиот дворец секојдневноно се пласираат лажни вести и неосновани напади кон претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и неговиот тим.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема ниту волја ниту капацитет да се промени, тоа е партија која е заглавена во режимската матрица, со старите добро познати ликови кои 11 години ја држеа земјата во изолација, сиромаштија и поделби.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Реакција на прес-конференцијата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан