• понеделник, 04 ноември 2024

СДСМ: Не запираат скандалозните назначувања на Мицкоски

СДСМ: Не запираат скандалозните назначувања на Мицкоски

Скопје, 10 август 2024 

Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и осудени кадри на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како што тргнале ќе имаме автентична македонска Монти пајтон Влада која ќе биде биде за потсмев. 

Најновите кадровски решенија за кои граѓаните се во шок, се новиот директорот на Клиниката за урологија Башким Шабани и главниот ревизор на Ревизијата на претпристапната помош, Афрона Вервизоли. 

Шабани има судска пресуда од 2020 година со која е виновен дека во 2019 претепал колега, удирајќи го по главата и по телото. Насилници и бивши осудени лица се очигледно главни кандидати за функционери и директори. 

Второто кадровско решение, Афрона Вервизоли, кое веќе го истражува Делегацијата на ЕУ во Македонија е целосно потценување на позицијата. Со владина одлука, од минатата недела на таа позиција е назначена Афрона Вервизоли која според медиумите нема соодветни квалификации за таа позиција. Според достапните информации, Вервизоли работела на шалтер во банка, а сега ќе треба да биде главен ревизор на претпристапната помош во ЕУ. Ваков напредок во кариерата е можен само во Владата на Мицкоски, а кои се причините должен е да каже тој. 

За потсетување, професор по физичкo и доктор по Кинезологија е заменик министер во МВР. 

Во Министерството за одбрана има економистка со искуство во маркетинг областа. 

Заменичка министерка во Министерството за спорт на Мицкоски пак ќе му биде дипломирана информатичарка, Сејфие Садик. 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја направија Владата и институциите партиско дувло каде се вдомуваат партиски кадри кои не смеат и не треба да бидат на функции.

Центар за комуникации на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан