• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: „Најдоброто за секоја општина„ продолжува

СДСМ: „Најдоброто за секоја општина„ продолжува
Скопје, 12 јуни 2021 
По вчерашната граѓанска трибина во Скопје, СДСМ продолжува со засилените активности на терен, преку средби со граѓани на маалски и урбани средби како дел од караванот „Најдоброто за нашата општина“.
Денеска членовите на Извршниот одбор Благој Бочварски, Васко Ковачевски и Јована Тренчевска беа со граѓаните на Делчево, Крушево, односно Велес.
Пратеничките на СДСМ во Собранието Бисера Костадинова Белчева и Белкиса Зеќири ги посетија Маврово Ростуша, односно Пласница, додека членот на Централниот одбор, Коста Петров беше во посета на Аеродром.
СДСМ е во континуитет меѓу граѓаните, ги презентира досега спроведените мерки и проекти, но и ги слуша нивните потреби и барања.
Заедно со граѓаните ги бараме решенијата кои ги преточуваме во најдобра кадровска и програмска понуда за секоја општина, за секој град и секоја општина.
Тоа граѓаните го препознаваат и вреднуваат. Затоа СДСМ е фаворит на претстојните избори, затоа што го нуди најдоброто за секој граѓанин, затоа што излегува со чесна понуда.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан