• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Наместо да спречува, полицијата со своето неделување поттикнуваше и охрабруваше прекршување на забраните за движење и групирање

СДСМ: Наместо да спречува, полицијата со своето неделување поттикнуваше и охрабруваше прекршување на забраните за движење и групирање
Скопје, 8 јуни 2020  Неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и на неговите кадри е очигледна и штетна за јавното здравје. Сарај, Аеродром, Чаир, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Тетово се само дел од општините и каде во текот на викендот масовно се прекршуваше полицискиот час додека полицијата на Чулев не презеде ништо. Наместо да спречува, полицијата на Наќе Чулев со своето неделување поттикнуваше и охрабруваше прекршување на забраните за движење и групирање. Тоа придонесе прекршувањата на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, да станат многу побројни, што влијаеше и врз зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус. Мицкоски, Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење. За Чулев е најважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски наместо да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата. Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмалку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан