• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Мицкоски со стари кадри и докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, нема капацитет за промени во оваа партија

СДСМ: Мицкоски со стари кадри и докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, нема капацитет за промени во оваа партија
Скопје, 31 јануари 2022 
Наводните освежувања кои ги најавува Христијан Мицкоски се во суштина стари кадри и веќе докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, некои од нив уште од времето на Никола Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат капацитет за промени ниту во партијата ниту во промена на политиките.
На пример, Гордана Димитриеска Кочовска е позната како заменик министерка за финансии во техничката влада, која среде пандемија кочеше изградба на болници за ковид пациенти.
За старите добро познати имиња уште од времето на режимот како десната рака на Миле Јанакиески - Владо Мисајловски кој останува потпретседател.
Во ова друштво е и најголемиот извор на лажни вести, Александар Николоски, кој останува на истатата позиција.
Самото тоа што и во овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Антонијо Милошески, Влатко Ѓорчев, Трајко Славески покажува дека Мицкоски ниту сака, ниту може да ја реформира својата партија.
За дежурните протагонисти на ВМРО – ДПМНЕ уште од времето на Никола Груевски нема потреба воопшто и да се коментира, тие ниту досега не беа „независни“ како што се претставуваа.
Она што граѓаните можат да го приметат е дека освен стари кадровски решенија ИК на ВМР0-ДПМНЕ и денеска не соопшти ниту еден предлог, мерка, решение во интерес на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква алтернатива, напротив граѓаните од овој состав на партијата може да очекуваат континуитет на деструктивни политики, лажни вести и со неработење на градоначалниците.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
_____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан