• четврток, 21 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски продолжува да работи на штета на интересите на граѓаните и државата

СДСМ: Мицкоски продолжува да работи на штета на интересите на граѓаните и државата
Скопје, 16 јуни 2021 Бадијала ВМРО-ДПМНЕ ја менува бојата, наравот е ист, Мицкоски продолжува да работи на штета на интересите на граѓаните и државата. Бадијала ВМРО-ДПМНЕ се пребојува со сите можни бои, во суштина, тоа е партија заробена во режимот, партија која работи на штета на интересите на граѓаните и државата. Мицкоски може да ископира уште слогани од СДСМ, да се расфрла со флоскули, но во реалност тој е единствениот кој е на браникот на криминалот, обичен поттрчко на бегалецот во Будимпешта. Наводната нова стратегија на ВМРО-ДПМНЕ е само фасада, и тоа од оние барокни со гипс картон, а во внатрешноста таа е шуплива и веќе видена. Не може Мицкоски да донесе никакви реформи ниту во сопствената партија, а не пак во државата. Покрај денешните блефирања, Мицкоски може да измислува уште сто различни методи за храбрење на сопствено членство, но во реалноста јавноста гледа отсуство на подготвеност за сериозна внатрешна реформа во ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ги гледа денешните анкети и се поти, знае дека не е до боите и слоганите, кога нема никакви политики кои се во интерес на граѓаните и државата. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се постојано поразувани од граѓаните и ќе бидат поразени и одново, затоа што освен за лаги, за деструкции и блокади, не знаат за ништо друго.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан