СДСМ: Мицкоски и протестите за спас на неговата фотелја се опасност по јавното здравје
- Уште еден во низата очајни и лицемерни протести на Христијан Мицкоски кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец.
Скопје, 29 октомври 2020
Уште еден во низата очајни и лицемерни протести на Христијан Мицкоски кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец.
Денес за струја со луксузни автомобили протестира оној што ја поскапе 100 осто.
Денеска, за воздух протестира оној кој 11 години сечеше дрва во Скопје за сметка на криминалниот проект Скопје 2014.
Протестите за спас на фотелјата на Мицкоски се најголемата глупост која што лузерот можеше да ја смисли, тој, неговите лицемерни протести се
Среде светска пандемија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ организираат протести на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот, а предходно кочеа проекти за обнова на болници, Мицкоски шеташе по кафани и теретани, ширеа лажни вести и ја поткопува борбата со вирусот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.