СДСМ: Мицковски одмага наместо да помага среде пандемија
- Скопје, 23 ноември 2020
Скопје, 23 ноември 2020
Жално, но вистина е дека кај мрачниот некрофил Мицкоски нема никаква човечност. Само тој одмага наместо да помага среде најголема борба против коронавирусот.
Тој не сочувствува со починатите ниту со нивните семејства, тој сака да ги злоупотребува, исто како и заболените од ковид 19.
Во време кога целиот свет е обединет во борбата проти коронавирусот, во време кога сите даваат придонес, мрачниот Мицкоски одмага и го поткопува здравствениот систем.
Еве го црниот учинок на мрачниот Мицкоски од почеток на пандемијата:
- масовно прекршување на мерките за заштита од коронавирусот,
- одење по тератани и ресторани кога тоа е забрането,
- кочење на финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата,
- јавен повик дека полицијата нема да ги казнува прекршителите на мерките за заштита,
- јавен повик од неговиот Вело Марковски, граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен,
- организирање морбидни перформанси на кои се злоупотребува смртта на граѓани.
- протести на кои се прекршуваа мерките и се загрозуваше здравјето.
- ширење лажни вести дека нема доволно тестови.
- ширење невистини за начинот на кој домашните лекари се борат против вирусот.
- лажно клеветење од неговиот Вело Марковски за здравствените работници дека терапиите се несоодветни.
- кревање паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема....
И наместо да се откаже од оваа црна деструкција во името на здравјето на граѓаните Мицкоски згора на се најавува блокада на работата во Собранието. Во период кога треба да се носат важни одлуки кои ќе придонесат за брзо надминување на последиците од кризата, период во кој треба да се донесат мерките од четвртиот пакет, кога треба да се донесе Буџетот за 2021 година.
Тоа е мрачниот Мицкоски. Умот му е само во фотелја во белиот дворец, заслепен прави деструкции, шири лажни вести, го поткопа здравствениот систем. Тоа граѓаните го гледаат и затоа Мицкоски уште долго ќе остане во опозиција.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
_________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.