• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: Излевањето на Маркова Река е опомена, ВМРО-ДПМНЕ „заборави“ на уредувањето на нејзиното корито ветено пред четири години

СДСМ: Излевањето на Маркова Река е опомена, ВМРО-ДПМНЕ „заборави“ на уредувањето на нејзиното корито ветено пред четири години

Скопје, 2 април 2025 


Излевањето на Маркова река пред само неколку часа ги спречи жителите на Горно и Долно Лисиче да стигнат со своите домови преку патот кој ги поврзува. Минувањето преку мостот на Маркова река на овој потег ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните кои го секојдневно го користат овој мост. Излевањето е последна опомена на природата.


Проширувањето на мостот и уредувањето на коритото на Маркова река помеѓу Горно и Долно Лисиче беа дел од приоритетните ветувања на Дејан Митески и Тимчо Муцунски пред само 4 години. 


Покрај проширувањето на мостот Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа и дека „кејот на Маркова река“ ќе го направат „за уживање“. Трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на „кејот“ требаше „да го заживеат“ овој дел од Аеродром. 


Наместо тоа добивме поплавени имоти на жителите на Горно и Долно Лисиче, целосен прекин на сообраќајот и страв и несигурност од поголеми штети. 


Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:


Зошто 4 години нема ни „п“ од проширување на мостот и ни „к“ од кеј на Маркова река? 


Кога последен пат е исчистено коритото на Маркова река? 


Колку казни се изречени во последните 4 години за фрлање ѓубре и отпад во коритото на Маркова река?


До кога планирате да ги манипулирате жителите на Горно и Долно Лисиче со разни нереални ветувања како кеј со трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на Маркова река? 


Заборавивте ли дека ВМРО-ДПМНЕ традиционално има најмногу гласови на сите избори токму во Горно и Долно Лисиче? 


Дополнително, го повикуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески итно да се зафати со чистење и уредување на коритото на Маркова река со цел да се избегнат поголеми катастрофи. Итно да испрати тимови на терен кои ќе направат процена на штетата и да ги разгледа сите можности за обесштетување на граѓаните чии имоти беа поплавени вечерва.  


Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да си понесе одговорност за неодговорното и недомаќинско управување со Општина Аеродром. 


Дејан Митески и Тимчо Муцунски и начинот на кој тие управуваат со Општина Аеродром се главниот проблем во Аеродром, не системот, не природните катастрофи. 


Митески и Муцунски со нивната неодговорност и негрижа се директно одговори за последиците од излевањето на Маркова река.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан