• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Скопје, 13 март 2025

- Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ.

Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури.

Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат.

Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ.

СДСМ дава поддршка на истрагата и очеквуаме целосно расветлување на случајот.

Секој кој се огрешил треба да одговара.

Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега.

СДСМ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

 

 

 


        
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан