СДСМ: За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност
- Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го забошоти скандалот и да ги заштити виновниците, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 3 февруари 2026
Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница, а нема одговорност од никој?
Нели има камери на „Безбеден град“, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, не чул, а дрога од 5 тони толку лесно се пренела?
Без поддршка, заштита и логистика од структури во власта, во МВР, во Царината, криминал од вакви размери не е можен.
Прашање е уште колку вакви пратки дрога редовно поминувале, уште колку тони дрога се пренесени преку македонските граници. И уште колку тони дрога сè уште се шверцува.
Овој картелски скандал покажува до каде одат пипалата на криминалот и корупцијата на власта.
СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, а овој случај е уште една потврда за тоа.
Секојдневието на македонските граѓани е како во мафијашки филм.
Криминални тендери, шверц на 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра.
За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност.
Обвинителството, конечно, мора да се разбуди и да отвори истрага.
Кој сè во Македонија е вмешан во шверцот на дрога? Колку дрога е помината преку границите? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари? Кој ќе одговара?
А одговорност ќе има, кога-тогаш.
Работата не е завршена.
Сите ќе одговараат!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ