• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Дали на Инфективна клиника не се примаат пациенти со Ковид на кои им е потребна респираторна поддршка?

СДСМ: Дали на Инфективна клиника не се примаат пациенти со Ковид на кои им е потребна респираторна поддршка?

Скопје, 18 август 2024

Според инфомрациите кои стигаат до СДСМ, во моментов одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со Ковид на кои им е потребна респираторна поддршка. Според извештај до кој дојде СДСМ, директорот Фадил Цана информирал до Мој Термин дека не работи интензивната нега. Прашуваме дали ова значи дека ако има потреба од респиратор за било кој пациент, истиот нема каде да биде примен? Дали можеби пациенти со ваква здравствена состојба се примаат на Карил? Доколку е тоа случај, тогаш се ставаат пациентите на Карил во огромен ризик. 

Што прави во моментот Министерството за здравство по ова прашање и дали е точно дека има пациенти кои се вратени, а имале потреба од респираторна поддршка? Очекуваме одговори во најкус рок. Доволно е само еден пациент да не е примен а е во тешка состојба со Ковид и може да донесе жртви од оваа болест.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан