• петок, 27 декември 2024

СДСМ: Градиме коалиции врз основа на јасна, конкретна и остварлива понуда

СДСМ: Градиме коалиции врз основа на јасна, конкретна и остварлива понуда
Скопје, 28 август 2021
СДСМ ја има коалицијата која убедливо ќе победи на на локалните избори по сите критериуми и параметри бидејќи СДСМ гради коалиции врз основа на јасна, конкретна и остварлива понуда.
Новата коалиција на Мицкоски, Села и Гаши е "Од немај каде" коалиција која е од напред осудена на пропаст и пораз.
Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“ и со истиот Села на кој неговите од ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа крвави животозагрозувачки повреди на 27 април.
Им кажа ли Мицкоски на Села и Гаши дека сака поништување на Договорот од Преспа?
Им соошти ли дека е против Законот за јазици?
Им раскажа ли што бараше во Собранието на 27-ми април?
Мицкоски е политичар без став, принуден да прави коалиции со оние кои најмногу ги мрази и тој, а и неговото тврдо партиско членство.
Од напред се поразени и осудени на пропаст тие што од немај каде наутро скандираат "Чиста Македонија", а попладне лажно се оградуваат за 27 април.
Политичари без став се поразени политичари, а Мицкоски е репрезент на оваа карактеристична група.
Центар за комуникации на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан